Атмосферата во домот беше поведра, иако сите ја забележуваа замолчаноста и отсутноста на Јаков што траеше со денови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беше весела Нова година, иако сите офкаа и лелекаа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Иако сите брецкања Рада ги премолчуваше, тие не престануваа. Напротив, од ден во ден се засилуваа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таков беше тој Јоше. Немаше трпение нешто да каже со зборови иако сите го сметаа за умен човек.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А ти, значи, што доби? Го искина животот покрај човек нечувствителен кога си ти во прашање, ете, паметам, една вечер, иако сите бевме поднапиени, се вомјазивме кога наеднаш тој стана и рече: Абе, што сторив, требаше уште во дванаесет да ја земам жената од абортус...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бев многу среќно дете, кога на прашањето на мојата учителка колку членови брои моето семејство, јас одговорив - пет.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Мачорот на Зоки е дебел и прилега на голема топка за плажа. Но, иако сите го признаваат тоа, никој не умее да каже како тој го доби своето име, кое, впрочем, никако не потсетува на таква топка.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)