Немам грижа на совест за Симона, иако ми е жал. Сѐ се случи без намера за некаква достава до полицијата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Овој германскиот Мегле најмногу ми се допаѓа – ми вели и го уфрла златното пакетче путер во кошницата: А кажи ми, каде експлодирала првата атомска бомба? – Во Хирошима – одговарам оти морам, иако ми е јасно, познавајќи го Врапче, дека очекувано грешам. – Не би рекол.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Носев уште куски панталони, донесени од дома, иако ми следуваше интернатска униформа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)