и (сврз.) - уште (чест.)

Се склопчиле вака настрана и уште се држат за уши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мал народ сме, велеше, поробен, испиен и уште да се караме еден со друг.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој пакосно се смешкаше и уште од далеку ѝ рече: - Не плаши се, невесто!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе истрча, си велам, и уште пред скали ќе ме крене в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И се фрли нешто во увото и уште и загноја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оѕверен, налутен и уште на нозе, тој го извади јатаганот и скокна во ливадата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)