и (сврз.) - зарем (чест.)

И зарем би можеле да се лутиме на овие сироти забревтани гудиња кои патем и ги јадеме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Доаѓа Голема Богородица, како што рече онаа жена, големиот празник, и зарем не би било најдобро токму пред празникот да се залее првата кофа!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Водата зарем нема своја топлина, и зарем не е постудена од огнот, кој е жежок?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Водата зарем нема своја топлина, и зарем не е постудена од огнот, кој е жежок?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И зарем тоа што го рече ти во скрипториумот не е исто што и: Господ е првиот грешник?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И зарем не живееме во грешно сочинет свет, оти можел да биде уште поарен, а Господ не знаел дека може да биде уште поарен светот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па и преподавањето сказанија, собитија и истории, зарем не е траење на мрежа совршена, во која секоја нишка, секој конец треба да дојде на своето место кога времето ќе стигне за тоа, кога јазлите ќе се заврзат, и зарем и тие, сказанијата, не се ненужни и непостојани вселени?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го прашав што ќе чиниме отпосле, откако ливчињата ќе бидат украдени, и зарем не се плаши дека логотетот и царот можат да ги најдат при нас и главите да ни ги отсечат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)