и (сврз.) - дали (чест.)

И дали сите дојдени Србо-Хрвати останаа како такви или дел и од нив се побугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се довериме на првата теорија, т.е. дека Бугарите и Србо-Хрватите се преселија на Балканскиот Полуостров како готови одделни целини, тогаш се поставува прашањето до каде се простираа тие народности во времето на преселувањето и дали сите дојдени бугарски Словени останаа и досега такви или некој дел од нив се посрбија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во последно време ние истапивме со барање политичка слобода, без да се допрашаме дали сме ние дозреани за неа и дали сега тоа ни е најнужното?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас и не знам што истекува и дали истекува нешто оттаму оти го голтам тоа што не сакам да го видам. Како да голтам шлајм.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега, навистина, ова беше најсушната година во последните десеттина сушни години со ред, а овие денови на август, најсушните денови, и јас целото лето како додолец стоев на балконот и следев дали ќе се појави облак и дали ќе се чуе грмење од зад врвовите на планините.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Дали спијат? Дали јадат? И дали веруваат во мене?“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стојам кај Сујтлакот, пред Првомајските празници. Сакам да проверам како врват работите и дали валјакот ќе успее да го израмни и набие макадамот што води над градот, до местото за прошетки и излети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
НАДЕЖТА: Дали ти судбино, душману на човечкиот род, го оспоруваш моето постоење и дали оспоруваш дека кога човекот го крои животот – го учи моето кроење?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Навечер, ќе се прикрадевме до чардакот за да го слушнеме гласот од радиото па да дознаеме дали е готово со Сталин и дали, дефинитивно, ќе стигне каталогот на Ла Ринашенте за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Може да ви е нарачана киската, вели Маса Кулумоска, дали клале леб на киската, како го скршиле лебот, вели, и дали фрлиле пушка?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)