и (сврз.) - трпеливо (прил.)

Од зад него сега допираа само уште тивките потлуснувања на огнот, што продолжуваше да се шири, неговата топлина и неговото застрашување, полека и трпеливо да надоаѓа и кон неговиот пар, а по снегот, пламнувајќи, се носеа неговите одблесоци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со таа измореност, што му се гнездеше во секој зглоб, и со грчевите глад во стомакот, и со онаа врзаност во своите жили, и со денот, што згаснуваше кротко и трпеливо, сето тоа не значеше навистина ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето време тој беше постојано свесен дека храната полека и трпеливо му завршува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наближуваа, секој за себе, во исто време постојано отстапувајќи, секогаш спремни да исчезнат само со еден скок, просто да се растопат во таа белина наоколу, но сепак постојано и трпеливо освојувајќи секој сантиметар од растојанието, што ги делеше од неговиот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некаде горе, некаде високо горе, беа и неколку бели искрички. Ѕвезди. Со нив кроце и трпеливо се поштркуваше цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)