и (сврз.) - телесно (прил.)

Границите се манифестираат просторно, но исто и институционално, временски и телесно.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Душевно возбуден и телесно опаднат, жолчно ја брани својата „позиција“ при карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прво, за вработување на инвалидно лице на неопределено време се доделуваат 20 просечни плати, а за вработување на слепо лице со 97% оштетен вид и телесно инвалидно лице со 90% телесно оштетување – 30 просечни плати.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5. Беа воведени и промени кај веќе постоечките видови работни односи: а) Во врска со одредбите што се однесуваат на статусот на приправниците, со ЗРО (1993) се избриша одредбата на ЗРО на СРМ (1990) која велеше дека приправникот кој врши волонтерска работа има право на здравствено и инвалидско осигурување, за инвалидност и телесно оштетување предизвикано со повреда на работа или професионално заболување, како и право на соодветен паричен надоместок за вршење на работите и задачите утврдени во општиот акт, односно колективниот договор – на товар на средствата на организацијата надлежна за работите на вработувањето (чл. 5, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)