и (сврз.) - тајно (прил.)

Кланицата, потајниот говор на реката и сталното фучење на ветерот низ клисурата, го правеа местото студено и тајно. Уплавно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од Грците понижен, исмеан од бугарскиот литературен круг, прогласен јавно и тајно за неспособен поет без вредност, иако како него немало друг, препев на Сердарот и Скендер - бег започнува со ревност.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
На почетокот од есента, веднаш по доаѓањето на дедото Петко, во Скопје дошла и жената на Нанчо, не останала долго и тајно си заминала, а по некое време го снемало и него.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И знаев дека нешто зад клучалницата на душата на Лествичникот скриено и тајно има.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кланицата, потајниот говор на реката и сталното фучење на ветрот низ клисурата, го правеа местото студено и тајно. Уплавно.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)