и (сврз.) - скришум (прил.)

Братучедите внимателно слушаа и скришум се погледнуваа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Исклучок се ќушињата, каде што се шмрка кафе и скришум се глодаат сендвичи од Старбакс.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Отиде Иљо и по две недели си дојде и рече дека стаса во Дуреси – град и го најде местото каде беа дечките и дека само ноќе и скришум едно два-трипати се виде со Евгенија, која беше најстарата жена одговорна за децата, негователка, како што се вели сега за жените кои се грижат за децата и дека таа му рече оти сите деца се живи и здрави, сите се испрани, чисти, нахранети и мајките и татковците и бабите и дедовците, да се живи и здрави, да не се грижат и да не берат гајле и од сите до сите таа прати многу многу поздрави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Молкум и скришум од куршум си ја браневме љубовта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледам и другарите тоа го прават: жулат со челото на дланките пред себе и скришум ги бришат замаглените очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе појдам на нива и скришум ќе ставам едно снопче во седелјето од магарето. На самарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)