и (сврз.) - прво (прил.)

И прво падна раката со таа руса глава на мојот храбар господар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ѕвезда почна вчудовидувајќи нѐ сите: - Господ посакал во својата повела да има земја и небо и прво ја направил земјата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се стаписа на местото, се подисправи начулувајќи ги ушите како куче и прво помисли на страната на којашто можеше да очекува опасност па помина со погледот по мракот над високите ѕидови густо обраснати со капини и скреби каде што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застана пред него со двете раце потпрени на шанкот и прво си ги прибра рацете, бурична во кесето опашано през половина, го извади нотесот и ставајќи го на шанкот го праша Марка: „Има ли тој таму некој телефон?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама, и Пепелашка од нигде никаде станала принцеза... а јас се разбудив и прво посакав, а потоа и сама поверував дека ќе стојам позади мојата тезга како продавачка, со мојата книга како писателка...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас и Симон бевме, може да се рече, пријатели. Кога му јавија за смртта на братот, тој прво и прво ме побара мене. Требаше да се ископа гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Прво и прво: тоа не беше бугарско знаме, велам, дајте ми една цигара... Гавари, гавари...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И прво што ми дојде беше да не верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
МАТЕЈ: Има да го објасниш принципот. БОРИС: Како прво и прво хигиена. МАТЕЈ: Ја миев косата секој ден.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој се вцрви од лутина и остро му одговори: - Прво и прво, не ми се обраќајте на - ти, не сме паселе овци заедно, а второ и второ, внук ми има само девет и пол години и билетите ни се во ред.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ете така Луман се распаша по Битолското и сега префрли и во Брзница, го натера деда Бошка да му биде јатак и прво што му нарача беше овој по село да му собере по лира од куќа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мирче: Не. Прво и прво не се измиени, а второ и второ види колкави нокти имаш. Лекарот мора да има чисти раце.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)