и (сврз.) - празно (прил.)

Мачно и празно ко селските гробишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ах, Маци сака кај тебе! - рече мајката со бебешкиот тон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Душка го погледна бледо и празно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Дедо и тате - продолжи Циљка - ги пратија сургун. И долго не сме ги виделе. Дома пусто и празно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Звучеа глупаво и празно, и никако не можев да му објаснам зошто мајка му ме навредила.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше и самиот празен и празно тонеше во млаката празна сонливост без миризба и без убавина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ така ми гледа штуро по него, како го водат надолу низ полето, подлокано и празно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рози се движеше во кујната глупаво нерасположена, а срцето ѝ беше тапо и празно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)