и (сврз.) - правилно (прил.)

Скокам на јаже и сега, со моето заљубено мало (големите веќе не скокаат, носат штикли) и не можам вистински и правилно да ја посоветувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И правилно размислува Билјана. Сите луѓе не се еднакви.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Требаше толку таини колку што имаше затвореници и правилно им го делеше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Забрзано ја испрати и се врати дома, потем, наведнат кон огледалото, долго и правилно ги триеше јадрите заби со четка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И наеднаш, и нему за чудење, клопчето на мислите почнува да се отточкува само од себе, спокојно и правилно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)