и (сврз.) - понатаму (прил.)

Го затворивме бунарот и понатаму да се вири за подоцна, кога ќе биде полн, да се почне употребата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И не ли е нашето превидување на таа промена само придружна појава на истиот оној машки кукавичлак што и нѐ донесе во оваа кал и понатаму затрупувајќи нѐ во неа?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Еден куп академски шалабајзери кои вешто манипулираат со зборот и секогаш „имаат” решение за сите проблеми, а покрај тоа државата и понатаму пропаѓа во провалија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Иако подигна најраскошни сараи и доведе најубави жени за харемот, ловот на срни му остана и понатаму на Авзи-паша најголема негова страст.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Докторите продолжија и понатаму да ги препишуваат слободно, со нив лекувајќи - од разни депресии до диети за добивање во тежина, со што само ја зголемија нивната рекреативна употреба, посебно на амфетамините Дринамил (пурпурни срца или сини), Декседрин (дексијс), и Дурофет (црни бомбардери) кои ги преплавија улиците и црниот пазар. 1964.година, после вревата што ја кренаа медиумите, илегалното поседување на амфетамините стана казниво со закон.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога му се приближи на половина метар, позиционирано некако отстрана, одеднаш и понатаму не тргајќи го погледот од него, како да се трудеше да има некој сервилен однос кон гостинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не познавајќи ја природата на мртвиците, не знаејќи дека, поради живиот песок, низ нив може да се движи само извежбан ајдутин, кој си изградил своја патека, продолжија да ги гонат и понатаму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
АНЃЕЛЕ: Како било тоа, не е тоа лаф! (Бара и понатаму и вади пред себе еден чифт женски чевли, еден златен прстен и еден чифт женски копринени чорапи.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Човекот сериозен, траурен, а јас, недосетлив, и понатаму со мајтапџиските алатки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури правам и кисело лице: - Види, види!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вам ви останува правото по излегување од затвор да побарате начини и патишта за разрешување на неусогласеностите помеѓу вас и божем оштетената Басотова доколку и понатаму ќе сметате дека тврдењата на двете страни, и после овој увид, се спротивставени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е единствената можност да се продолжи со утврдувањето на фактичката положба, се разбира под услов судот да ја прифати вашата пријава како валидна“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Првите две години од училиштето ги завршив со одличен успех, и тоа така мораше да оди и понатаму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, како што е запишано во делото на Вајлд, младиот Греј, воопшто не ѝ посветува внимание на поуките од двајцата пријатели, па и понатаму смета дека единственото нешто што заслужува љубов е актерката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ѝ раскажала дека продолжила да ѝ носи цигари на Марија секогаш кога можела, па дури и решавала и некакви итни непредвидени работи, сè додека еден ден не ја нашла болницата во урнатини, разурната како лош споменик на тие неблагодарни времиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сатурн се откажа, но и понатаму на портата од болницата оставаше кутии цигари, без да знае дали Марија воопшто ги добива, сѐ додека не ѝ се покори на суровата реалност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури на прашањето од свети Ксавиер, врагот само се усмевна, не удостојувајќи го со одговор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секоја вечер кога уморен ќе се вратев дома, бев лут затоа што ми беше минал уште еден ден од мојот живот кој ми донесе само замор, бес и точно онолку пари колку што требаше за да работам и понатаму, ако таквата работа воопшто и може да се нарече работа: по азбучен ред да сортирам сметки, да ги дупчам и да ги прицврстувам во нова фасцикла, каде што трпеливо ќе ја поднесуваат судбината никогаш да не бидат платени; или да пишувам рекламни писма што безуспешно патуваат низ земјата и претставуваат само непотребно бреме за поштарите; понекогаш да пишувам сметки што некој можеби и ќе ги плати, дури и во готово.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од сите нив излегуваше густа пареа која, малку по малку, формира облак кој рееше неподвижен, не поместувајќи се ни нагоре ни надолу, а во внатрешноста на тој голем памучен чадор, ние и понатаму продолжувавме да работиме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Весниците го фалеа тој изум: таа кондензирана пареа – објаснуваа – спречува работниците, на врвот од воздушната структура, да ја видат бездната под нив; а тоа ја спречува вртоглавицата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мора да траеше секунда, можеби повеќе, бидејќи почувствував дека Маргарита ја воочи таа насмевка со која Ана не се согласува, макар само така што ја наведнува главата, што неодредено го испитува затворачот на својата црвена кожна чанта, а всушност речиси како и да е оправдано да се смееш и понатаму иако Маргарета такаречи веќе и не гледа бидејќи на некој начин гестот на Ана ја потврдува мојата насмевка, и понатаму ја прима до себе па веќе не е ни потребно таа или Маргарита да ме гледаат бидејќи и се онака темелно предадени на ништожната работа околу проверката на затворачот на црвената чанта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неверојатен сензибилитет и вештина! Честитам и Ви пожелувам и понатаму да го развивате овој талент исто како и пишувачкиот.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А и во идниот век сигурно ќе продолжи создавањето на јаничарски војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И понатаму: Нашите балкански, двете светски војни беа јаничарски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И понатаму беше врзан за столот, но беше пропаднал низ подот, низ ѕидовите на зградата, низ земјата, низ океаните, низ атмосферата во вселената, во заливите меѓу ѕвездите - сѐ подалеку, подалеку и подалеку од стаорците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако сакаш некого, го сакаш, и кога немаш ништо друго да му дадеш, ти и понатаму му даваш љубов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Стаорецот“, рече О'Брајан, и понатаму обраќајќи ѝ се на невидливата публика, „иако е глодач, е месојад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Џулија беше за нијанса побледа од обично, така што нејзините дамки јасно се истакнуваа, но и понатаму храбро гледаше во О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Безброј прсти, како подвижни дрвја и понатаму минуваа во сите правци, прекрстувајќи се и раскрстувајќи се. Одново ги затвори очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако и понатаму беше неопходно луѓето да вршат различни видови работа, немаше потреба да живеат на различно општествено или економско рамниште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон ја следеше, стискајќи го и понатаму својот букет цвеќе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Назад во својот стан тој брзо помина покрај телекранот и седна повторно покрај масата, и понатаму триејќи си го вратот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и денес, во периодот на назадување, просечното човечко суштество физички и понатаму е во подобра ситуација отколку што било пред неколку века.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѝ паднало жал на мајка ѝ и ја оставила и понатаму да цица. Кога го одбила Мил, се обидела и неа да ја одбие, но не помагало.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сите ја сисаат, а таа и понатаму дава и раздава.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
18. Времето се грижи за зборот зборот што го обновува Тој што му длабеше во корењето го гради доградува и виши во куќата на светот Вербата штира не е Ни неверен е зборот Убавината да му се верува на надежта е врсник И онаа земја иловица густа раката што му ја памети се врти врти и понатаму во лика нова нудејќи ја светлината нова на говорот ризата небесна нитките што ја ткаат на несвенатиот збор И уште и натаму сега од пределите на глината над запомнатата стреа продолжува тој кон муграта да гледа со стрептеж незгаснат за повтежот на говорот да го досегне реченото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Што е најважно, тој поверува во нејзината проникливост и затоа конечно реши со неа и понатаму да игра игра на глушец и мачка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И понатаму Грофот ја користеше тупаницата и бирото. – Со оној твој исказ алудираше значи на тоа: дека постои заговор или манипулации во врска со твојата личност. И вистински мислиш дека е така?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, не секогаш и не како ваша пракса.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во втората му беше полесно и понатаму сѐ полесно и полесно, зашто гласот за тоа што нарачува тој се расчу низ цело село додека тој уште немаше минато ни десетина куќи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така тој ја пропатува едната половина од овој широк свет – доволно му е кога е дете! – токму сакаше да појде и понатаму, туку шоферот го донесе дебелото црево и – почна да го мие извалканиот камион.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А мајсторот и понатаму го искушувал: „Нели, не е најумно да му се препушташ на стравот кога ќе се спуштиш волку длабоко?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова мора да биде разговор меѓу мене и тебе, затоа раскажувам и понатаму во прво лице еднина („Јас“ си Ти, и јас!): најдена среде ѕидините на манастирскиот двор излегов од себе, негде вон, неволно и брзо-брзо се прибрав како зрна жито расфрлени за колвање збирај-збирај, не се дособира!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дедото Петко го колни со најлоши клетви и тоа не само кај нас во Банчината, туку и кај другите соселани во Фестивална, и понатаму, преку Ѓорче Петров сѐ до Сарај.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И понатаму: некогаш мандри, рибарски кајчиња, мрежи, корморани...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)