Погледнав кон џипот; внатре, телото на Фискултурецот го притискаше телото на Луција; таа се бранеше (така барем мислам, но во ништо веќе не сум сигурен); јас зедов еден камен, го фрлив на покривот од џипот, а Фискултурецот се сепна; се сврте нагло кон грмушката, и јас видов дека на главата имаше маска; црна маска, бабарска, со четири дупки, за очите, устата и носот, четири дупки за три сетила; само очите му се гледаа, едното зелено, другото сино, и устата, и носот (дали го видов и тоа, или моите растроени нерви од ракијата и жегата ја произведоа и таа слика?); Викна: „Кој има таму“, а јас фрлив уште еден камен, и отстрана му го погодив фарот, и тој пукна, сол се стори.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Целата училница клокоти и врие. Јас вртам цртеж и го гледам: и право и отстрана, но никако не ми оди од рака: споредувам, но лицето не е како од учителката. Особено носот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)