и (сврз.) - отсечно (прил.)

Том чувствуваше дека срцето му чука силно и отсечно, а тлото беше вжештено под нивните боси стапала.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
МЛАДИЧОТ: (Суво и отсечно.) Досега немало задача што ми била возложена, да не сум ја извршил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И тргнувајќи пред Максима и пред Васила легнатите овци ги пречекорува, а тие кои стојат туркајќи ги со колената ги растерува, (нивните чакарки, кога се преместуваат од едно на друго место, кусо и отсечно ѕвонат), а кога излегуваат надвор пред вратата на трлото, гледајќи во небото, вели: Небаре е дење. И зазорено е.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)