Признавам: никогаш ваков и волку голем не сме виделе досега.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
– „Хаа, не сум Охридско Поле и Струшко; чунки тамо вакви луѓе нема со олку долзи носеви и олку високи во нозете; овие луѓе не се асли како нас, си велел сам со себе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ооооооооооууууууууууууу... Плачеше од тоа што ниеднаш не можел ни да помисли дека е возможно да им се биде и волку близок: ним.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Си велам,човек на овие мои години и олку на умирање, на жена не помислува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)