и (сврз.) - мошне (прил.)

Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А тоа значеше – волци грабачи, и мошне многу се исплашија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Лежеше долу, длабоко со својот блескав метал, долга и ниска, и мошне богата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дури тогаш ги забележа еден од кадините гавази и мошне се препали.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Малку јазици имаат толку алтернативи за „куќа“ како англискиот - “residence”; “abode” “dwelling”; “domicie”; “cottage” (резиденција, престојувалиште, колиба, стан, место,) и мошне корисни метоними како: „огниште“, „покрив“, „скривалиште“, „засолниште“, но ниту еден од нив ја нема силата да нѐ допре на тој начин како „дом“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вистина, некои сериозни забелешки направија и П.Бошњаков (1902), и Ст.Ј.Дедов (1902), па и некои од најистакнатите револуционери, но сите тие брзо и мошне успешно биваа неутрализирани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)