- Зошто да не послуша човек малу музика, се правдаат пред жените и божем протестираат, - па што има друго во ова наше гратче?...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тогаш лисицата сфати дека нејзините две лисичиња цврсто решиле да не ги јадат зајачињата и божем се согласи.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И тогаш учителот, налактен на извалканата маса, ќе започне за што и да било и за кого и да било, стариот слуша и божем случајно зборот ќе дојде и за Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ги знам јас тие приказни од другарките што имаат поголеми браќа и сестри: седеле во своите соби по цел ден и божем учеле, а којзнае што читале и на што губеле време, па после кецови.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе почекав малку, едно петнаесетина минути, и божем нешто ми треба, ќе влезев ненадејно кај него и го гледам, седи крај работната маса и чита нешто. Ама, мене тоа не ми е доволно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тоа требаше да значи: не кажувај, нели се договоривме!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Брат ми ја забележа мојата дилема и божем ми дотура кока-кола, се приближи до мене и ми намигна соучеснички.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сево ова го изговарам многу мирно и божем рамнодушно, како да е сосема исто да си дома сам, и да си дома со мајка ти и татко ти.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но, барем изгледаа изненадени и божем незгодно се чувствуваа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Вам ви останува правото по излегување од затвор да побарате начини и патишта за разрешување на неусогласеностите помеѓу вас и божем оштетената Басотова доколку и понатаму ќе сметате дека тврдењата на двете страни, и после овој увид, се спротивставени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа е единствената можност да се продолжи со утврдувањето на фактичката положба, се разбира под услов судот да ја прифати вашата пријава како валидна“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А згора на тоа јас бев вдовица со тапија а за тебе и не беше сосема јасно што си“, ломотеше бесрамно и божем налутено Огнена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Сакав да имам синче. Токму вакво, како твоето! Но не од секого. Туку од прв човек помеѓу другите. Од јунак“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)