Коњ без утре, со обесен товар кловновски години на опашот, години и минати подвизи, години и скокови над бездни, години и бавно влечење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сега е необично истрезнет. Спокојно и бавно чекори по кривите сокаци.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потоа се качив горе во собата и бавно пред огледалото ја вадев шминката од очите и веќе избледениот кармин на усните.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тргна од главниот град и бавно се движеше цели сто осумдесет и пет километри сѐ до браната.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Коските му чкртаа. Над неговата глава студено блескаа ѕвезди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не гледаше во никого кога праша чија е таа одмазда и бавно, безволно џвакаше живи тиквени семки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Обратно од она што можеше да се очекува, тој токму потпивнат возеше повнимателно и побавно одошто трештен трезен и самоуверен во своите рефлекси.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Снегулката раснеше, злокобно и бавно спуштајќи се кон него.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Живееш во еден град триесет години, ги познаваш сите негови жители, а сега, наеднаш, читајќи весник и бавно чекорејќи, запаѓаш меѓу непознати луѓе, поинаку облечени од оние што ги познаваш, со поинакви очи, со поинаков говор.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Дино скокна од креветот и во темницата почна нешто да вика.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Телото ми се вкочани, но тоа не го запре да ги пикне рацете под мојата ноќница и да почне силно и бавно да ме фаќа, штипе и гребе по бутовите, стомакот и градите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)