Митологијата којашто ги зафати балканските историографии во втората половина на XIX и XX век, во времето на подемот на новите држави- нации, во голема мера ја деформира историјата на Царството чие постоење и цивилизациски обележја, кои често биле заеднички со истите народи, се настојуваше по секоја цена да се избришат од меморијата на народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Шегата на страна, но модриот патлиџан нема само гастрономска туку и цивилизациска вредност, посебно за медитеранските народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во Западна, но и во Источна Европа долго време бил непознат овој плод, но неговото распространување најмногу се должи на ширењето на Османската Империја во Азија, Африка и Европа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Османското Царство со своето траење од речиси седум века покажуваше дека го почитувало и принципот на нужна толеранција меѓу народите, и покрај тоа што ја имало позицијата на владетел, освојувач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Новосоздадените држави можеме и да ги акцептираме како обид за политичко, културно и цивилизациско центрирање и како увертира за една целисходна и експлицитна еманципација на локалното (специфичното) со универзалното (глобалните системи).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)