Иван Иванович има големи изразни очи со боја на тутун и устата малку му наликува на буквата ижица, Иван Никифорович има мали, жолтеникави очи, кои сосема се губат меѓу густите веѓи и дебелите образи, и носот му е како зрела слива.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И така, обземен од мајкините и татковите завети, синот се препушта во невидена авантура во непријателски настроената родна земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ако ве почести со тутун, Иван Иванович секогаш претходно ќе го лизне капакот на табакерата, потоа ќе тропне со прстот по неа и, штом ви ја подаде, ќе рече, ако сте познаници: „Смеам ли да ве замолам, господине мој?“; ако не сте познаници, тогаш: „Смеам ли да ве замолам, господине, немајќи чест да ви го знам чинот, името и татковото име?“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Колку ли пати во ова макабрично патување, во трагикомичниот балет на сенките на водичите, во близината препознавав луѓе од мајчина и таткова рода како ми се приближуваат, но не го чинат последниот чекор до мене, а и јас останувам нерешителен на тоа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во таков ред ќе се најде и татковиот брат, без апсолутно никаква вина, и нему без да му се знае гробот, како на многумина други од семејството во родниот град Поградец.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)