Двајцата загреани и спремни на два чекора напред, да не речам 100 проекти во визуелизација на вашата иднина, под претпоставка заедничка, со непристојни предлози од кои добиваш мигрена и висок притисок, и „цвикаторски“ карактерни особини.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Доколку се работи за поинтелигентни или пак дури и ингениозни умови, водите на софистицираниот криминал ги водат до некои повитални точки на системот но - каков парадокс -наместо овие Робин Худови и Џеси Џејмсови да се прифатат кон уништување на виталните точки, тие бидуваат асимилирани од истите и веќе ги гледате овие умни криминалци како ревносно му служат на системот и спремни се да тероризираат уште повеќе од моделите на нивниот младешки гнев, моделите против кои и тргнале по патот на тероризмот...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)