Имено – во јануари 2008 – истата судијка, следејќи ги напатствијата и насоките на повисокиот суд, само делумно го усвојува тужбеното барање, при што „Кјуби“ беше задолжен да му исплати само K-15, а не и разлика на име испратнина – со мошне чудно и сомнително образложение дека ова право нема третман на „парично побарување“ (!?), па како такво прво морало да биде барано пред работодавачот, па дури потоа да се бара по пат на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, во текот на месеците додека трае штрајкот, над работниците се врши и неверојатен психолошки терор и непрекинат притисок од газдите, сè со цел да се откажат од нивните барања и да го прекинат штрајкот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тужениот „Кјуби“, кој повторно го изгуби спорот, незадоволен од ваквиот исход – пак ја обжалува пресудата пред битолска апелација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во меѓувреме, пак, работодавачот покренува и судска постапка против синдикатот на работниците, а како резултат на тоа, во септември 2009, Апелациониот суд во Битола носи пресуда со која штрајкот на вработените се прогласува за незаконски – одлука која, според Ѓорѓиевски, е крајно спорна и сомнителна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)