и (сврз.) - отворен (прид.)

Во нејзината младост, јавната и отворена љубов беше непојмлива.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиното враќање се случуваше во зенитот на сталинистичката еуфорија во Албанија и отворените диригирани непријателства кон Југославија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Навидум авторот ни ја претставува мисијата која ќе го води од слободната и отворена Македонија, каде што тој живее, во различни места во сталинистичка Албанија, која ја напуштил пред триесет и седум години и која, речиси оттогаш, останува под сталинистичко ропство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Доколку оваа држава биде на ниво на предизвикот и ја сфати навистина предноста на граѓанските слободи и демократијата и ги декриминализира лесните дроги, тоа би можело да биде вистински радикален пресврт кон позитивно и отворено општество.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Една песна е една порака, необично и отворено писмо на еден човек до илјадници луѓе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Присуството и физичката форма на брат му, звукот на неговиот глас, неговата кроткост, добродушното лице, цврстиот и отворен поглед на неговите очи, за кратко време ја оттргнаа илузијата на безвременост, и на минатото столетие му ја дадоа хронолошката димензија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Опулот му беше чист и отворен, раката пак секогаш пречеклива.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Црнецот лежеше зад задните тркала на зелениот автомобил; беше протегнат на грб, со накривена глава и отворена уста, со недоречен крик меѓу забите; левата рака му беше скриена под скоро моминската половина, десната, како да сакал да се вати за нешто, имаше згрчени прсти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Трим Тоска беше искрен и отворен човек, си ја кажуваше директно вистината, можеше и да ја одмолчи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)