и (сврз.) - ниеден (прид.)

Ти си сѐ така свежа и ниедна брчка по лицето не ја издава опасноста што те демне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ниедно свое поминување по скелето тој не го запомни толку крваво, како што беше тоа негово последно слегување од највисокото скеле до земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја подаде на Рада и тивко ѝ шепна: - Ова си ти! Само ти и ниедна друга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти и ниедна друга ќе бидеш мајката на моите...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И ниедно од децата не остана со Николчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Племето наше е пиреј, вели Лазор Ночески, и не го ништи ниедна војска и ниедна болест.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)