Единствено што можеше да се види во дворот беше она дрво располовено од гром и несреќната, темната Оливера Срезоска.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Момата ноќе се мачеше, не спиеше. Старецот ги слушаше нејзините воздивки и несреќен, иако повлечен од тагата на Савка, и самиот воздивнуваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таков е животот. Сега е убав, утре е суров и несреќен.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
41 А возот со сѐ нас, со нашите партали и несреќната мајка и таткото здробени од болка, тргна и цел ден не носеше по една голема, недогледна рамница. Не планина, туку дури и ритче немаше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)