и (сврз.) - недогледен (прид.)

Небото, чисто и недогледно, полека го разблажи мракот со блага модрина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Фатило да се темни. Денот зимен, кус, дури да се свртиш ти избегал. Зимата е само ноќ: долга и недогледна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)