и (сврз.) - многуброен (прид.)

Во дамнини не сме говореле со зборови, туку само со гласови, и сме се разбирале поарно одошто сега, кога устите ни се полни со зборови најразлични и многубројни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сегашна состојба на безизлез, намерно испровоцирани тензии, дебати на телевизија, од таканаречени и самонаречени експерти, вести со константи за меѓуетнички тензии, кои бескрајно личат на орвеловски препис и многубројни copyright верзии.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)