и (сврз.) - луд (прид.)

Тој е можеби осамен во тоа верување, а ако е осамен, тогаш е и луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите овие години во циркусот се обидував да направам копија, да се сетам на сите стихови од песните, но тоа беа безуспешни обиди; постојано, всушност јас пишував нешто ново, нешто додавав, некаде пак одземав, оти не можев да се сетам на сите тие нешта; и конечно, се откажав од таа целосно бесполезна и луда работа: создавање копии сосема верни на оригиналот).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луњи да кршат и да не го скршат Земја да се тресе и луди ветришта и суводолици тоа да расте над нашата несреќа високо - На него да се обесиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Вее и завива силна и луда вејавица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Значи, брат ми се оженил за белосветска курва, се вметна и лудата Ана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)