Отвори очи. Целиот е наежен и испотен...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Низ гужвата почуствував некоја мешавина од евтин парфем и испотена мишка, но таа смрдеа и не беше толку страшна колку онаа духовната која лебдеше низ воздухот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Нивната свршеница стануваше ноќе и бараше во нечисти чинии нешто за јадење, потоа, сета крцкава и испотена, се обидуваше да се намести крај Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во мене зјапаа чудни и искривени лица, задишани и испотени од дневната брзаница. Егзибиционизам?
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Густата жега ги забавува движењата. Ја водам маската, тетеравејќи се со нагазените и испотени патики.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се наведна кон него, син и испотен, шашлив.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Така и продолжуваше напред. Така и се зацепуваше нагоре, заздишен до несвестица, син во лицето и испотен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа привпламнати во една потпечена здрава црвенина и испотени лица на задишани луѓе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Слушаш ли? црвен и испотен шушкаше Кузман и ми се внесуваше в лице. - Слушаш? Тоа што баравме најдовме.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Гледаме: Коле се искачил на некакво дрво и нѐ вика.Се качивме зазбивани и испотени.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)