и (сврз.) - иден (прид.)

Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гранки фрливме врз нив ветените за крунисување пред олтар... врз гранките земја крвава и ја притегнавме со крш - камења ко вечен запис што во времињата сегашни и идни ќе ги мијат дождови и ветрој ќе ги сушат, ќе ги топлат воздишки и во бели зори ќе болснуваат ко бисер што болснува на гради момини...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас го погледнав стрештено, оти првпат бев чул некој друг освен мене да верува во такви сказанија и измислици како што се минати и идни животи овде, на земјава, пред да се упокоиме засекогаш во царството вечно Негово, во станот небесен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но ... чуму сиве овие анализи и синтези, индукции, дедукции, редукции, ако ова го повтори и идната генерација, и таа по неа, и таа по неа...?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со докторската диплома во пазува и кабинетот под клуч во џеб, со младата мајка и идната аптекарка дома, со стариот татко во родниот град и сиот товар од авторитетот на традицијата во лекарската професија - се впушти Миха во оној метеж од брзак што се вика општествена афирмација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Кој? - Оној што се изгуби? - го потврди прашањето Маре, покажувајќи кон насоката во која се изгуби некогашниот затвореник, сегашниот студент и идниот уметник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)