(Неговата уметност била дијалектика помеѓу сонот од детството и зрелите општествени цели.)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А на психоаналитичарите им е добро познато дека грандиозните фантазии за општествена утопија, кои на себе својствен начин изразуваат една имплицитна колебливост во соочувањето со стварноста таква каква што е, претставуваат компензација на болните неисполнети нарцисоидни очекувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Устата пак ми е преполна со младо сирење набабрени јаболка и зрели црешни и пак ми се чини дека на стариот стрвник сепак му недостасува последниот залак.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тој, од своја страна, својата начелна вина во ниеден момент не ја губеше предвид и, исто така, немаше илузија дека проблемот на истата начелна вина го има и таа, но не сфаќаше зошто тоа за возрасни и зрели луѓе би резултирало со уништување на бракот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А сосема е јасно дека поседувал силно его, дека свесно создавал уметност со голема интелектуална вредност и естетска оригиналност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)