Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Онаа голема, распафтана мечка, отскокна од неговиот истрел, се подигна на задните нозе и остана така, исправена суза, погодена и згрчена, во едно морничаво превивање, во кое што болката бликаше многу посилно од секаков вик.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Без напор, како далеку пред тоа еднаш, во едно детство, се сети дека плови по непознати простори, мал и згрчен, сиот наморничавен и неподвижен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се смалуваше секојдневно по малку, опколена од драки, како шагринска кожа, сува и згрчена, и како што таа се смалуваше, се смалуваше и животот на татка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Штом ќе излезам од станицата, зад мене останува темноцрвена тулана. Ме пречекуваат ред тополи и згрчени куќи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)