и (сврз.) - восхитен (прид.)

- Прекрасно... - рече полковникот Жино и восхитен отпивна од виното. - Богат живот... - додаде.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Искрено да ви речам, и јас првпат го научив ова - и восхитена сум.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Филмот завршува со слика од неколку патнички коли и автобуси полни со туристи кои го поминуваат мостот кај Кулата и восхитени од убавината на ова божјо катче, се враќаат на југ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И умираше во густ бамбусов сплет под тешки шепи на џиновски тигар додека над него раснеа небото и восхитениот шепот на африканските ѕвезди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)