и (сврз.) - влажен (прид.)

Поддувна планински ветар - студен и влажен, лесно размрда гранки, певливо разшуме шума. Високо - се разиграа врвовите на боровите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нивниот воздух е леплив и влажен.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кабината беше направена од полирани табли од трите страни монтирани на железна конструкција со отвор за влез од предната страна низ кој однадвор се провлекуваше мирис карактеристичен за последните денови на мај, блунтав, со вкус на гнили црешни и влажна трева.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се влечеше по калдрмата додека зад него остануваше танка и влажна нишка пламен на зол вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тетеравејќи се по неа, додека моите Еди Бакс чевли се лизгаа на топлиот метал и влажните шперплочи, размислував за тоа како подот може да биде поопасен од остатокот од територијата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бегот ја држеше пушката свртена кон нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лицето му беше зелено и влажно како нешто што живее по густите бари или по поилата на селските чешми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пролетта е најубава. Есента тажна, магловита, студена и влажна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ветерот бил топол, црвеникав и влажен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)