Нашите театарџии, не само што не можат да го условуваат своето гостување, туку треба и да се плашат, наместо топла и вкусна супа од опашка од вол, да не добијат рогови за чепкање на забите во кои одамна немаат складирано ниту трошки од богата софра.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Бисквитите на Киова Индијанецот беа лесни и вкусни, а неговото кафе густо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се напив и јас. Тоа беше сина газоза, студена и вкусна.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
По напорниот врел ден, по почивката и вкусната вечера, децата заскитаа некаде по ливадите удолу, да ги гонат неброените светулки, што со своето светни- згасни ја разубавуваа вечерта и предизвикуваа илјадници најневозможни желби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Толку е сладок и вкусен што човек не може да не касне малку...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
По вкусната вечера, Сем ја откопча торбата од зелена патка и ја извлече гитарата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)