Можеа да ме остават крвав и вкочанет но не можеа да го убијат и Него во мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Му ги одврза ли Господ нозете на Санета од земјата, му ја пресече ли ортомата со која беше зајамчен за неа, му ја излечи ли болката во исушените и вкочанети нозе, му даде ли сила со летање да си стигне и да си прилегне во гробот, само тој знаеше и никој друг.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Понекогаш се смрзнуваме на ѕитчето и целите студени и вкочанети влегуваме внатре за да се стоплиме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Аман Викторија, ме прекинуваш! Не гледаш ли дека имам работа!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тогаш, свртувајќи го телото, како некој друг да го завртува наместо неа, зачекори кон столицата, застана, размислувајќи како да го стори тоа, и седна мошне рамна и вкочанета, ништо не зборувајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се свртив кон него. Погледот му беше продорен и вкочанет.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)