и (сврз.) - вековит (прид.)

СТРИКО КОЉО: Е, честито ти момче, ќерко. Нека е вечно и вековито.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ДЕПА: Да сте живи и вековити. Со здравје да ти оди братчето.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Драги родители, драги жители на населбата, драги ученици и колеги, нека ни е честит и вековит празник!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Здравје да ми имаш и вековита да ми си, ќерко! (Се поднаместува со седењето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
КОТЕ: Жив да си и вековит бре, Панде, ти нас — господ тебе да те насмее. (Како горе општо смеење).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)