„Така некако“, рече Мише, „но најмногу на него се сеќавам поради пијанството и шлаканиците што ги добивме од наставникот по фискултура кој им беше како некој војвода или командант на браниците.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)