И многу мали чаши и шишенца за пиење ракија, свртени наопаку (да не се прашат), поставени во кругови; бокали со ракија, а за жените мали шишиња „Јупи“ и „Кокта“, наредени наизменично жолто – црвено... без чаши. И – толку!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А во една мала продавничка со прибор за пишување, недалеку од тука, ја купи перодршката и шишенцето со мастило. На врвот од скалите застана малку.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)