и (сврз.) - шише (имн.)

Почнавме песна „Јас сум чесен маказарчанец, од Монастирската околија“. Зајдовме до доцна. Фрчеа конзерви и шишиња пиво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се подаваа пагурите и шишињата ракија од рака в рака, се подаваа винарките со вино, и се пиеше, се наздравуваше, се пукаше од пиштоли, пушки, чифтиња; светкаа грмотевиците, пукаа громовите на небото и татнежот се мешаше со пукотниците низ селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По првото иде второ, трето и така со ред. Петре веќе ги прибрал сите поскури и шишиња со вино во поповата торба што останале од нафората и причесната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И, еве уште што: божем многу ослабел во затворот и прва работа му била да нарача котлети и шише шампањ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гледаш, братче, овој рафт со тегли и шишиња мама го средува, а за сè друго да е суредено се грижи тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На сретсело пак се сретнаа и ги изменија картите со вино и шишињата со ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)