По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кристина и Параскева седат на софа. Јаков стои на средината, облечен во долг, валкан мантил и чизми. Божо штотуку завршил читање на текст, пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сакаа потоа да дојдат дома кај мене за да ги видат забите и чизмите на мајка ми, ама јас ги одвратив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)