и (сврз.) - цигара (имн.)

Па и бурмут го научија да трпа, та, ене го и тој дошол и седнал кај Петруша, којшто покрај бурмутот и цигарата и „чај“ му нарачал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Понекогаш, ја заклучуваше во најмената соба над кафеаната „Боеми“ и ја оставаше да го чека, кога, околу полноќ, ќе се втурнеше смрдејќи на алкохол и цигари, хистерично се обвиваше околу него, го љубеше очајнички, збивташе како повреден пес.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Виното и цигарата во овој миг ѝ дојдоа одлично за да се смири.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А сега одиме кај мене на кафе и цигара, моите се излезени па ќе бидеме сами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас се засркнав и цигарата ми испадна од уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Лерин запознав еден постар господин кој продаваше весници и цигари во трафика.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој го чувствуваше тоа и одеше полека со високо дигнати раменици и цигари в уста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Старите се добро, те поздравуваат. Пратија храна и цигари. Морав да ги оставам на вратата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Од источната страна - фабрика за кожи и цигари, од северната убаво широко џаде, од обете страни и парк – само ружи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но Весна ја удри по раката и цигарата одлета.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тивок полжав Транзисторот Кога појдовме в град по вода, кафе и цигари (во Ѓавато нема продавница) купивме и едно транзисторче на батерии, од оние на кои некогаш се слушаше народна музика на излети, или натпревари пред зграда кинеско, само 250 денари.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)