и (сврз.) - цвеќе (имн.)

Раскошна архитектура, мермерни шедрвани, бавчи и цвеќиња и двор опашан со висок ѕид, босфорски води, огромни мермерни столбови. 14.500 кгр. злато, кристал, хареми, тешки персиски килими, мермерни бањи, уметнички слики, фрески, полилеи, едно баснословно богатство - тоа е „Долма Бахче“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш моите добри пријатели, бубачките, тревите и цвеќињата ќе се удават во солзи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Над чардакот обесен бајрак накитен со шамии и цвеќиња, а на врвот наврено јаболко.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Всушност само набројав имиња на македоски села и цвеќиња.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога почнаа да доаѓаат родителите во салата закитена со знамиња и цвеќиња возбудата уште повеќе порасна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сите имаа дарови за неа и цвеќиња доволни да наполнат една цвеќарница.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но и двете раце на Арсо му се зафатени со некакви пакетчиња и цвеќиња и тој само, среќно збунет, си ја ниша главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Трпезаријата имаше огромна тераса која се симнуваше во градината која беше широка и полна со зеленило и цвеќе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ќе го прашам Иван дали мајка му некогаш одгледувала цвеќиња. Можеби ги имало.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Начинот на кој живееше изгледа го создаваше кај мене тој привид на дистанца помеѓу неа и цвеќето, но еве, смртта како да настојува да ја коригира мојата заблуда.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој тврдеше дека небото и цвеќето ги зајакнуваат мислите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така се најдоа на заедничка работа и возрасните, и учениците - сите љубители на зеленилото и цвеќето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Резултат од нашите секојдневни еко - активности е чисто училиште и училишен двор, украсен со зеленило и цвеќе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На некои места тротоарот беше покриен со трева и цвеќе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)