Во рацете на Нуне, на пергаментен свиток, двојазично беше запишано: „На блескавиот ум, поетска проникливост, научна аналитичност и храброст во верувањето и докажувањето на „Пакс-верс теоријата“ за мирољубивото решавање на маалските ненавидности и кавги, меѓународните омрази, меѓудржавните судири и војни, му се доделуваат ордените на Волкашин Нунески, поетото и изумителот од с.Варош, околија прилепска, во земјата македонска.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Меѓу стравот и храброста Сандри го бараше својот тесен процеп на сигурност, процеп што постои само ако бегот сѐ уште не решил да постапува отворено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За него немам грди зборови: праведник со малку среќа, но со многу чесност и храброст.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А кога ја виде неговата бистрина, послушност и храброст во неколку борби околу Сингидум, го засака како вистински син.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И султанот го награди за таа негова верност и храброст. My ја даде цела Румелија да пашува во неа, но да не го заборава; секогаш да му се најде во лош час. И му се наоѓаше Мехмед.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Немам разбирање за сите, кои ја искористија нашата младост и храброст, нашиот елан, јунаштво и верба...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ваков пример и ваква снаодливост и храброст само во историјата може да се сретне...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Покрај мнозина други, останав и јас.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нашата обврска е – рече – исполнета, ги докажавме нашата упорност, вештина и храброст, градежното претпријатие ќе ни додели дури и специјална награда.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)