Супермаркетите, плацевите за половни коли, крчмите што имаа правоаголни прозорци од стакло и тули, блескаво новите автомобили, што беа изложени и можеа да се видат низ прозорците од дебело стакло, продавниците за електрични апарати, продавниците за мебел, цвеќарниците, козметичко-фризерските салони, целиот нов трговски центар, кој брзо се изгради, едновремено со геометрискиот станбен дел од градот на рамниот терен, сите наизменично се менуваа и не му разбудија ни најмала емоција и тој не можеше да ги препознае.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Е па, кога јас гледам натаму, умов ми зборува вака: онаму, кај Лепенец, на друг рид, го гледаш ли аквадуктот од камен и тула со околу двеста сводови?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Како што гледате манастирот е изграден од камен и тули што се подредени мошне вешто, во стил на средновековните градители, подредени украсно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)