Мустаќите изострени и подсвикнати нагоре како рокчиња од овне; на средината пожолтени од лулето што постојано го држи в уста; веѓите густи и спуштени над очите како ластовичини крилца; прстите на рацете глуждести, а кожата на дланките стврдната да може да фаќа и мраз и жар, и трње и коприви; на главата паларија: летен-зимен украс што го донесе од печалба; од погледот му зрачи стаменост и мудрост, почесто само со погледот зборува и со него ти ги открива мислите; со погледот како на терезија го мери соговорникот и открива колку му тежи умот; во ретки моменти кога е лут се забележува како резанките на челото му се поткреваат и спуштаат водејќи борба.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И така отидов од градината и камен тежок врз вратничето кладов и трње на појасот ѝ обвив.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Живеалиштето ѝ личеше на змејско дувло, не копано, туку соѕидано од тули од кои раснеа кисели дрвја, боз и трње.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој во одговор само молчеше; ја положи десната дланка на левото срце, го рашири лицето во срамежлива насмевка, не насмевка на задоволство туку само на благодарност, па се изгуби во својата сива заднина, во која не се разликуваше земја од небо, кал од камен и трн од глог.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)