Како што е на пример недостатокот на чувство на припадност и традиција.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во мигот стануваше свесен, ако овој ракопис еден ден излезе на светлината на денот, посебно место треба да им биде посветено на обичаите и традицијата, посебно исхраната, на Турците, кои носејќи ги шаманските корени со Кинезите, Индијците и Персијците, во XI век ќе се најдат пред вратите на Мала Азија, колепка и простор на минување на повеќе цивилизации, какви што биле Хитите, Лувитите, Хуритите и Скитите, за потоа да ги примат и влијанијата на западната цивилизација во којашто влегувале и Феникијците, Римјаните, Византијците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И во сите овие скитии ќе се одржува културата на исхраната, со своите константи и метаморфози...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Е како е можно да разбирам три апсурдни креатури што мрморат на измислен јазик, а да не разбирам живи луѓе што зборуваат за религиозни учења и традиции стари со векови?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)