и (сврз.) - тешкотија (имн.)

Се разбира, бев спремен да прифатам дека сето тоа што го рече за матежината и тешкотиите на изминатите години може да биде точно. Но и не мора!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овдека, во Лазарополска црква, во која Ѓурчин бил насликан како јава на коњ, се чувала Ѓурчиновата сабја (лекувала од уплав, им ги олеснувала тешкотиите на родилките и тешкотиите при умирањето на оние кои грешеле во животот) и книгата, во ракопис, што сам тој, Ѓурчин, ја напишал за себе и за својот живот, а во која ги споменувал и нив, жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)