Додека зборуваше очите ги пикаше во темниот агол на одајката, набрзина ги прошета по лицата на сите, а потоа ги врза за темницата чиниш аголот и темницата во него се некое огледало во кое гледа некои други, дамнешни лица, а не овие што се сега пред него.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
— Кој носи пусат да земе барут и олово, — се разнесе пак Толевиот дебел глас во ноќната тишина и темница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Нема кај да го тура, бацко Крсте. — се провикна едно младо голобрадо момче од Врпско.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)